Дома Фудбал Уште ова му требаше на Зидан: Се повреди Модриќ!

Уште ова му требаше на Зидан: Се повреди Модриќ!

0

Лука Модриќ се повреди и нема да биде на располагање на Реал Мадрид околу две недели.

Капитенот на Хрватска и репрезентацијата се врати после циклусот квалификации во Мадрид каде што му биле направени лекарски прегледи пред продолжувањето на првенството.

Во Реал заклучиле дека Модриќ има повреда на десната нога. Се уште се чека официјална објава за тоа колку Хрватот ќе паузира, но очекувањата се тоа да биде околу две недели.

Модриќ за Реал ќе го пропушти натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите и трите кола кои следат во Ла Лига (Леванте, Севиља, Осасуна). Во Реал се надеваат дека ќе успее да се опорави до 7-то коло кога ги очекува натпреварот против градскиот ривал Атлетико. Дербито е закажано за 28-ми септември.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Вотфорд добија понуда за утеха од Миа Калифа (ФОТО)

Познатата поранешна актерка во филмовите за возрасни одново се огласи за случувањата во фу…