Дома Фудбал Англија Уште еден удар за Тотенхем: Остана и без спортски директор!

Уште еден удар за Тотенхем: Остана и без спортски директор!

Директорот на Тотенхем Фабио Паратичи е суспендиран на 30 месеци поради скандалот во Јувентус.

Како што е познато, финансиските малверзации влијаеше на нови казни против Јувентус, а понатамошната истрага доведе до нови одлуки.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Една од нив е дека актуелниот директор на Тотенхем, а порано и на Јувентус, Фабио Паратичи нема да смее да ги извршува своите должности во следните две и пол години.

Тој автоматски ќе мора да поднесе оставка од лондонскиот клуб, а исто така ќе му биде забрането да работи и да комуницира со фудбалски агенти, да преговара со играчи и да биде присутен во какви било фудбалски работи.

Ова е голем удар за Тотенхем, кој остана без тренер и бара нов, со кој не смее да има грешки.

Даниел Леви сега ќе мора да бара нов директор и менаџер, а тимот се бори за четврто место и пласман во Лигата на шампионите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Црвена звезда ја очекува пекол ако се пласира во осмина финалето на Лига Европа!

Фудбалерите на Црвена звезда се пласираа во нокаут фазата на Лига Европа. Сепак, за разлик…