Дома Македонски спорт Уште два италијански клуба во битка за потписот на Несторовски

Уште два италијански клуба во битка за потписот на Несторовски

Maкедонскиот репрезентативец, Илија Несторовски е во потрага по нов клуб, а како што стојат работите ќе остане во Италија.

Неколку клуба од Серија Б покажаа интерес за македонскиот напаѓач кој тренира индивидуално со цел да остане во форма за новиот ангажман. Најнови клубови на листата кои покажале интерес се Тернана и Парма.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Претходно со потписот на Нестор се поврзуваа Венеција и Палермо каде што во минатото настапуваше со голем успех. Исто така се споменуваше и Сампдорија.

Во последната сезона за Удинезе, Несторовски најголем дел помина на клупата за резерви, а повеќе шанса добиваше во финишот кога клубот го обезбеди опстанокот. Токму тие натпревари биле еден вид тест за Несторовски за новата сезона по кои Удинезе одлучи да не го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…