Денес УЕФА објави детални информации за фановите кои сакаат да бидат дел од Европското првенство.
За Македонија ова ќе биде деби на европската сцена каде што ќе се надигрува со најдобрите. Сигурно огромен број фанови ќе сакаат да бидат дел од ЕП, но затоа ќе треба да ги прифатат условите кои ако не се променат сигурно ќе бидат проблем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонија е на земјата со висок ризик, па романските власти ќе ги примораат македонските граѓани да одат во 14 дневен карантин пред да имаат право да се појават на стадион. Ако се добие негативен ПЦР тест на осмиот ден од самоизолацијата периодот од карантин може да се намали на 10 дена. Во случај од Македонија да патувате со негативен тест и тој е направен на 72 часа пред влезот во Романија карантинот ќе биде 10 дена.
Кога во прашање е третиот натпревар кој Македонија ќе го игра во Амстердам холандските власти поставија забрана за лица кои доаѓаат од држави кои не дел од ЕУ. Ова сигурно значи дека нашите репрезентативци ќе имаат помала поддршка против „лалињата“.