Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Урнебесно сценарио во Групата Ц: Можно е ждребот да одлучува кој ќе оди во осминафинале

Урнебесно сценарио во Групата Ц: Можно е ждребот да одлучува кој ќе оди во осминафинале

Денес во 16 часот се играат натпреварите во Групата Ц, каде за едно слободно место во осминафиналето ќе се борат Австралија и Данска.

Франција со 6 бода веќе е сигурен осминафиналист, а шанси за да го „чекираат“ преостанатиот еден билет имаат репрезентациите на Данска и Австралија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Данска има 4 бода и денес игра натпревар со „триколорите“, додека Австралија има само 1 бод и ќе ги одмери силите со Перу.

Во оваа група може да дојде до такво сценарио, па на крајот со ждреб да биде одлучен осинафиналистот.

Имено, доколку Данска загуби со 2:1 од Франција, а Австралија победи со 1:0 двете репрезентации ќе имаат по 4 бода, реми на меѓусебниот дуел, па ќе одлучува фер-плејот, односно жолтите и црвените картони.

Но, доколку Австралија на денешниот натпревар добие еден жолт картон повеќе од Данска, тогаш ќе бидат израмнети и во тој критериум, па во таков случај со ждреб ќе се одлучи кој ќе патува во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Консеисао!

Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гиган…