Репрезентацијата на Украина доби лоши вести пред почетокот на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите во оваа земја информираат дека селекторот Андреј Шевченко нема да може да смета на две големи ѕвезди. Поради повреда на повикот на украинскиот селектор не можат да одговорат Евгениј Конопљанка и Виктор Коваленко.
Двајцата ќе бидат во аут и нема да можат да настапат на целиот шампионат. Ќе потсетиме, Украина на 17. јуни ќе игра против Македонија.
Сигурно дека без Конопљанка и Коваленко средниот ред на Украинците е значително ослабен.