
Европската куќа на фудбалот ја разгледува можноста финалето од Лигата на шампиони да се игра во Њујорк.
Неколку големи натпреварувања имаат во план да се одржат во САД, а УЕФА планира да го организира финалето од ЛШ во Њујорк.
Претседателот на УЕФА, Чеферин го гледа стадионот во Њујорк како потенцијален домаќин на финалето од ЛШ во 2025 година.
Американскиот пазар е се поатрактивен за европските фудбалски клубови, па сигурно ќе дадат согласност за оваа идеја.
„Да се оди од Португалија во Азербејџан, на пример, е скоро исто како во Њујорк. За навивачите тоа нема да биде проблем“, изјави Чеферин.
Стадионот „МетЛајф“ во Њујорк има капацитет од 82.000 места.