Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА отвори истрага за Даку кој ги пцуеше Македонците

УЕФА отвори истрага за Даку кој ги пцуеше Македонците

Дисциплинската комисија на УЕФА вечерва објави соопштение во кое се потенцира дека е отворена истрага против репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку и тоа поради неспортско однесување по натпреварот со Хрватска.

Европската куќа на фудбалот отвори истрага за непристојното и навредливо однесување на албанскиот репрезентативец.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Во врска со натпреварот од групната фаза на УЕФА Европското првенство 2024 меѓу селекциите на Хрватска и на Албанија одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија, е отворена истрага во врска со наводното непристојно однесување на играчот на Албанија, Мирлинд Даку. Дополнителни информации за овој случај ќе бидат достапни подоцна“, известија од УЕФА.

Даку на крајот од средбата скандираше навредливи зборови за Македонците, а на тоа реагираше и ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …