Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА отвори истрага, Арнаутовиќ го чека голема казна

УЕФА отвори истрага, Арнаутовиќ го чека голема казна

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори официјална истрага против репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, поради инцидентот што го предизвика против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа, а ФФМ побара УЕФА веднаш да реагира.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Според Членот 31 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, одреден е етички и дисциплински инспектор, кој ќе отвори истрага за инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ, во текот на натпреварот Австрија-Македонија“, вели УЕФА во соопштението.

Доколку биде потврдено дека навредите биле расистички или етнички, Арнаутовиќ би можел да се соочи со суспензија до 10 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сон нема послаба – статистиката во Премиер лигата му е неверојатна!

Хјонг Мин Сон реши да го напушти Тотенхем по десет години, и тоа го означи крајот на една …