Дома Фудбал Арнаутовиќ: Никој никогаш не верува во Интер

Арнаутовиќ: Никој никогаш не верува во Интер

Maрко Арнаутовиќ ова лето по 13 години се врати во Интер и за него тоа е посебно емотивно. Австрискиот фудбалер со српско потекло пристигна од Болоња на позајмица со право на откуп.

Минатата недела го одигра и првиот натпревар против Монца и запиша една асистенција.

„Победата во првиот натпревар е многу важна и можам да кажам дека сум пресреќен што се вратив. Само што влегов на стадионот почувствував возбуда и ме преплавија емоции.

 Кога си во Интер мораш да се бориш за победа на секој натпревар. Сакам да му помогнам на тимот без разлика дали тоа ќе биде со голови, асистенции или на некој трет начин“.

Искусниот напаѓач има големи амбиции.

„Целта е да го освоиме Скудетото, а потоа и да бидеме успешни во Европа. Нема да биде лесно, но не беше ни пред 12 години. Всушност никој не верува во нас, но тоа не влијае на нашите амбиции“, изјави Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …