Tимот на Интер вчера во еден возбудлив натпревар успеа да се врати од 3:0 на полувреме до 3:3. Натпреварот донесе две различни полувремиња, а него посебно ќе го памети Марко Арнаутовиќ.
Арнаутовиќ го постигна голот за 3:1 на стартот од вториот дел. Овој гол е посебен затоа што за Арнаутовиќ ова беше првпат да се запише во листата на стрелци по пауза од цели 4.740 дена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред вчерашниот натпревар Арнаутовиќ погоди пред 13 години во натпреварот помеѓу Вердер и Интер, но интересно е што тоа го направи како играч на германскиот тим.
Засега ова е убедливо најголемата разлика од еден до друг гол во најелитното европско натпреварување и сигурно рекорд кој тешко ќе биде соборен.