Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА му зададе удар на Реал пред одлучувачкиот натпревар против ПСЖ

УЕФА му зададе удар на Реал пред одлучувачкиот натпревар против ПСЖ

Мадриѓаните во нов проблем.

Дисциплинската комисија на УЕФА покрај проблемите кои ги има Реал му зададе и нов удар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, мадриѓаните се жалеа и бараа да биде укината суспензијата на Дани Карвахал. Десниот бек на Реал Мадрид заработи суспензија од два натпревари поради намерниот жолт картон со цел чист да влезе во елиминационата фаза.

УЕФА денес донесе конечна одлука и ја отфрли жалбата на Реал со порака дека Дани Карвахал нема да може да настапи во првиот натпревар против Пари Сен Жермен кој се игра за една недела.

Ова секако е удар за Зинедин Зидан бидејќи сега покрај десната аут линија мора да игра значително побавниот Начо и да го чува Нејмар.

Натпреварот помеѓу Реал и ПСЖ се игра во среда со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…