После гостинската победа над Албанија во првиот натпревар од квалификациите за ЕП, Турција вечерва на свој терен ја пречека Молдавија во второто коло од групата Х и запиша убедлива победа со резултат 4:0.
Беше јасно дека Турција е мнгоу поквалитетен противник, а на првиот гол во мрежата на Молдавија се чекаше до 24-тата минута кога Чалханоглу со ножички му асистираше на Калдирим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само две минути подоцна Тосун после асистенцијата од Бурак Јилмаз зголеми на 2:0, тоа беше и резултатот со кој се замина полувреме.
Јилмаз во 52-та минута не реализираше пенал, неговиот удар од белата точка го одбрани голманот на Молдавија, Коселев.
Сепак, само неколку минути подоцна Тосун го постигнува својот втор гол на натпреварот и зголемува на 3:0.
Конечните 4:0 ги постави Ајхан во 70-тата минута од натпреварот. Турција можеше да постигне и уште некој гол во денешниот натпреварот, а Тосун можеше до хет-трик сепак уште еден погодок не видовме.
Молдавија во првото коло претрпе пораз од Франција со 1:4.
https://youtu.be/YeFWKBYjojU