Дома Останати Кошарка НБА Тројка со звукот на сирената на Дончиќ за победа, Јокиќ до трипл-дабл 🎥

Тројка со звукот на сирената на Дончиќ за победа, Јокиќ до трипл-дабл 🎥

Лука Дончиќ со тројка со звукот на сирената донесе важна победа на Далас на гости кај Мемфис во еден возбудлив натпревар до самиот крај.

Словенецот беше одличен преку целиот натпревар и му недостасуваше само една асистенција за да дојде до дабл-дабл учинок. Мечот Дончиќ го заврши со 29 поени, 9 асистенции и 5 скока.

На 1.8 секунди до крајот после промашените две слободни фрлања на Грејсон Ален Далас доби напад (113:111). Топката дојде до Дончиќ кој се реши да оди на шут за три за победа и не погреши, поентираше за победа од 113:114.

Денвер славеше против Мајами со 123:106, така Нагетс ја завршија серијата од два порази во низа. Јокиќ стигна до 15. трипл-дабл во сезоната со 17 поени, 11 асистенции и 10 скока. Јокиќ иако дојде до трипл-дабл сепак немаше настап како во некои други натпревари бидејќи погоди само шест од 14 шута.

Треба да се спомене дека ова беше прв натпревар кој Денвер го одигра без повредениот Џамал Мареј за кого заврши сезоната по тешката повреда. Во редовите на Мајами Бем Адебајо беше расположен со 21 поен, Кедрик Нан додаде 16.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Кливленд 90:103, Филаделфија – Бруклин 123:117, Торонто – Сан Антонио 117:112, Чикаго – Орландо 106:115, Детроит – ЛА Клиперси, Њу Орлеанс – Њујорк 106:116, Хјустон – Индијана 124:132, Оклахома – Голден Стејт 109:147, Мемфис – Далас 113:114, Денвер – Мајами 123:106, Сакраменто – Вашингтон 111:123.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доказ дека Роналдо си заминува од Јувентус🎥

Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќ…