Дома Актуелно Тренерите на Георгиевски се откажаа од премијата од 10.000 евра

Тренерите на Георгиевски се откажаа од премијата од 10.000 евра

Владата денес донесе одлука за парична награда од 20.000 евра за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој освои сребро на ОИ во Токио.

Предвидена беше и награда од 10.000 евра за неговите тренери, но тие се откажаа и порачаа дека целата премија ја заслужува Георгиевски.

„Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“, објави тренерот Дарко Костовски на социјалните мрежи.

Освен наградата од Владата, Георгиевски има и награда од 10.000 евра од АМС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Куман пред отказ, Барса бара нов тренер

Барселона сериозно размилсува за тренерска смена, бидејќи раководството ја загуби довербат…