Дома Фудбал Репрезентации Трајковски му го расипа славјето, Буфон натпреварот против Македонија долго ќе го памети!

Трајковски му го расипа славјето, Буфон натпреварот против Македонија долго ќе го памети!

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон продолжува да ги поместува границите, а ново големо достигнување Буфон забележа токму во натпреварот против Македонија.

За Буфон натпреварот против нашата селекција беше 172 во неговата кариера и така стигна до четвртото место на вечната листа.

Големиот Буфон за националниот тим дебитираше во 1997 година и до сега настапи на пет Мундијали што значи дека ќе ги надмине Лотар Матеус и Антони Карабахал доколку Италија избори пласман во Русија, а Буфон биде дел од репрезентацијата.

Повеќе репрезентативни настапи од Буфон имаат само: Ахмед Хасан (184) и Хосам Хасан (178) од Египет, како и Мексиканецот Клаудио Суарес со 177.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…