Дома Фудбал Трансформација на Винисиус: Погледнете како денес изгледа неговото тело (ФОТО)

Трансформација на Винисиус: Погледнете како денес изгледа неговото тело (ФОТО)

Бразилецот Винисиус Жуниор со големи очекувања пред две години дојде во Реал Мадрид.

Винисиус во Реал пристигна од Фламенго за сума од скоро 50 милиони евра и јасно е дека во Реал многу очекуваат од него. Но, Бразилецот се уште не ги исполнил во целост очекувањата. Сепак, пред него има уште време и тој сигурно нема да се откаже.

Откако сезонава доби многу критики Винисиус изгледа одлучил да стави крај на истите. Паузата поради коронавирусот Бразилецот ја искористи за подобро да се спреми за продолжување на сезоната.

Винисиус веќе два месеци тренира со полна пареа, а најмногу време поминува во теретаната. Тој сака да добие на сила за да биде повеќе цврст во дуелите со противничките дефанзивци.

На Инстаграм тој објави неколку фотографии кои покажуваат дека вежбањето и тоа како се исплати.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ставил специјална клаузула во договорот на Икарди, ќе добие 15 милиони ако…

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер после интензивни преговори постигнале д…