Дома Фудбал Англија Трагична вест: Почина човекот кој го доведе Венгер во Арсенал и создаде моќен тим

Трагична вест: Почина човекот кој го доведе Венгер во Арсенал и создаде моќен тим

hiil-wood

Долгогодишниот претседател на лондонскиот клуб почина во 82-та година од животот.

Навивачите на Арсенал со тага ја дочекаа веста дека животот го загубил легендарниот претседател, Питер Хил-Вуд.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Питер во Арсенал дојде во 1962, а во 1982 година стана претседател и таа функција ја извршуваше повеќе од 30 години. Од функцијата си замина во 2013 години и фактички скоро целиот свој живот им го посвети на „топџиите“.

Овој човек беше најзаслужен за создавањето на еден од најсилните тимови во историјата на Премиер лигата кој беше предводен од Арсен Венгер. Питер Французинот за тренер го постави во 1996 година.

Венгер потоа со помош на Питер и неговата политика создаде моќна екипа предводена од Анри, Виера, Бергкамп, Пирес, Кембел…

Во текот на неговото владеење Арсенал освои пет титули (1989, 1991, 1998, 2002 и 2004), пет ФА купови, два Лига купа, Куп на победниците на куповите и четири трофеи во Комјунити Шилд.

Тој исто така беше главен човек во преселбата од „Хајбери“ и слободно може да се каже дека го удри темелот на модерниот Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лампард даде одговор на прашањето кој е подобар, Меси или Роналдо

Легендата на Англија и на Челзи, Френк Лампард и понатаму има култен статус во англискиот …