Дома Фудбал Останато Трагедија во БиХ: Фудбалер почина на терен, клубот згасна засекогаш

Трагедија во БиХ: Фудбалер почина на терен, клубот згасна засекогаш

Ирфан Мешиќ, фудбалер од Босна и Херцеговина, почина на натпреварот од 18. коло од Втората лига на Тузланскиот кантон Запад.

Турија играше против Стјепан Поље, а натпреварот заврши 1:1. Мешиќ доживеал срцев удар на теренот и набрзо починал, пренесуваат медимуте.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Станува збор за фудбалер кој го носел дресот на повеќе нисколигаши во Босна и Херцеговина, а пред еден месец стана фудбалер на Турија по една епизода во Рудар.

Од клубот се одлучија дури и да го згаснат клубот во чест на младиот фудбалер.

„Уништени од болката и тешкиот избор на судбината, ве известуваме дека ФК Туриа автоматски престанува да работи. Секогаш ја оставаше потта и срцето на теренот, за малку и ќе го оставеше таму, борбата ја загуби еден час подоцна во болница… И таму се бореше како што знаевте, лавовски.“, изјави ФК Турија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона започнува „очајничка“ мисија да донесе голема ѕвезда на Манчестер сити

Барселона направи „очајнички“ потег за да го потпише ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Ха…