Дома Трансфер зона Тотенхем се засили со дефанзивец од 50 милиони евра

Тотенхем се засили со дефанзивец од 50 милиони евра

Холандскиот стопер Мики Ван де Вен кој во последните две сезони играше за Волфсбург потпиша нов шестгодишен договор со Тотенхем, потврди лондонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот на 22-годишниот фудбалер според медиумите на Островот изнесува околу 50 милиони евра. Тотенхем добил 40 милиони евра веднаш и уште десет преку бонуси.

Во текот на изминатата сезона во Бундеслигата Ван де Вен одигра 36 натпревари. Кариерата ја започна во Волендам, а во 2021 година премина во Германија. Тој е петтото засилување за Тотенхем во овој преоден рок откако претходно пристигнаа: Џејмс Медисон, Ешли Филипс, Гиљермо Викарио и Манор Соломон.

Тотенхем новата сезона ја започнува во недела со гостувањето кај Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…