Вчерашниот натпревар помеѓу Арсенал и Тотенхем на некој на некој начин го одбележа и фрлањето банана на теренот од страна на навивачите на Спарс, на кои мета им бил Обамејанг.
Кога габонскиот напаѓач постигна гол за Арсенал кон него биле фрлени неколку банани што предизвика вистински скандал во Англија и веќе е извесно дека Тотенхем ќе биде под истрага на ФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За тоа време, Тотенхем одлучи да се огласи со официјално соопштение во кое најостро го осудија навивачот кој тоа го направил.
„Такво однесување е неприфатливо. Навивачот ќе биде санкциониран и ќе му забраниме пристап на стадионот.“ – порачаа од Тотенхем.
Инаку, Обамејанг постигна два гола во победата на Арсенал со резултат 4:2.