Традиционално на почетокот на секоја година Институтот за спортска статистика (ЦИЕС) ја објавува листата на највредни фудбалери на планетата гледајќи девет најважни параметри.
Меѓу останатите параметри најважни се годините, формата, репрезентативното искуство и должината на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и што се очекуваше, на врвот на листата е најскапиот фудбалер на сите времиња, Нејмар чија вредност е проценета на 213 милиони евра!
Веднаш после него следуваат Лео Меси со 202 милиони евра и Хари Кејн со 194,7 милиони евра. Анализата е помалку чудна најмногу поради фактот што Кристиано Роналдо се наоѓа на дури 49-то место и негивата вредност е проценета на „само“ 80,4 милиони евра.
Во Топ 10 се уште Килијан Мбапе со 192,5 милиони, потоа Пауло Дибала (174,6), Деле Али (171,3), Кевин де Брујн (167,8), Ромелу Лукаку (164,8), Антоан Гризман (150) и Пол Погба (147,5).
Видете ја листата на 100-те највредни фудбалери на светот