Дома Фудбал Англија Топџиите најдоа замена за Ремзи и веќе имаат спремна тактика за јануари

Топџиите најдоа замена за Ремзи и веќе имаат спремна тактика за јануари

Тренерот на Арсенал, Емери, почна полека да ги склопува коцките што се однесува на лондонскиот клуб, но и јасно е дека ќе биде активен во јануарскиот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Емери во Арсенал стигна ова лето и немаше најдобар почеток на сезоната, но Топџиите полека влегуваат во форма и играат се подобро. Во последно време најмногу се зборува за Арон Ремзи на кој му истекува договорот со Арсенал на крајот на сезоната.

Арсенал се уште не започнал преговори со играчот, а се чини дека воопшто немаат намера да го задржат. Ремзи во претходните сезони беше важен дел од екипата, но очигледно Емери има некои други планови.

Како што пренесуваат англиските медиуми, прв на листата на желби е играчот на Наполи, Зјелински, кој Арсенал ќе се обиде да го донесе во јануари. Наводно, Топџиите ќе го дадат својот максимум да го донесат полскиот репрезентативец на Емирати, но ако тоа не успее тогаш ќе разговараат со Ремзи за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…