Вардар вчера на домашен терен одигра фантастичен натпревар и го победи Мешков Брест со 35:27 во второто коло од Лигата на шампионите.




На прес-конференцијата после натпреварот присуствуваше голманот Мартин Томовски кој беше одличен и ги сподели своите импресии.




Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
„Одлично го отворивме натпреварот, создадовме разлика која потоа ја контролиравме. Имавме и падови, имаме нова екипа која треба да станува се подобра и подобра. Благодарност и до публиката за поддршката, тие беа нашиот ветер во грб во оваа победа“, изјави Томовски.




После две кола во Лигата на шампионите Вардар има една победа и едно реми.




Фото: РК Вардар1961 / Денис Дуковски