Eсперанса Тунис го освои петото место на Светското клупско првенство откако го победи Ал Сад со 6:2.
Катарскиот клуб кој од клупата го предводи легендарниот играч на Барселона, Чави со овој настап само го потврди својот лош настап на овој турнир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во осминафиналето, Ал-Сад дури после продложенија го совлада Хеингтен од Нова Каледонија со 3:1 иако беа големи фаворити, а потоа во четвртфиналето беа поразени од Монтереј со 3:2.
Против Есперанса Тунис се беше решено во првото полувреме кога овој клуб водеше со 4:1 и имаше играч повеќе. Во продолжение видовме уште три гола, од кои два во мрежата на Ал Сад.
На Чави не му оди најдобро и во првенство бидејќи неговиот Ал-Сад на последните четири натпревари запиша три порази.