Дома Трансфер зона Тиаго Силва на лето се враќа во Серија А

Тиаго Силва на лето се враќа во Серија А

Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.

Договорот на 35-годишниот Бразилец истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент потврди дека нема преговори за продолжување на соработката.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Во моментов нема преговори со ПСЖ. Тиаго веќе има понуди од други клубови, но нема да потпишуваме ништо бидејќи за нас приоритет останува ПСЖ“, изјави агентот на Силва.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тиаго Силва може да се врати во Милан.

„Фудбалот е многу динамичен. Приоритет ни е ПСЖ, но ако не ни предложат нов договор, наскоро ќе ги слушнеме и другите понуди“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…