Дома Фудбал Италија Тео Хернандес суспендиран на два меча

Тео Хернандес суспендиран на два меча

Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандес доби суспензија од два натпревари откако доби црвен картон по натпреварот со Фиорентина.

Хернандес доби црвен картон по завршувањеот на мечот, откако му дофрли нешто на главниот судија, кој се одлучи да му додели црвен картон.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„На крајот од натпреварот играчот даваше коментари кои одразуваат сериозно непочитување кон судијата“, стои во соопштението.

Французинот нема да биде во тимот на Милан за натпреварите против Удинезе и Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…