Дома Фудбал Англија Тежок удар за Њукасл: Остана без првиот глман 4-5 месеци!

Тежок удар за Њукасл: Остана без првиот глман 4-5 месеци!

Голманот на Њукасл, Ник Поуп ќе отсуствува од терените 4-5 месеци пренесува „Телеграф“.

31-годишниот голман го повреди рамото во дербито против Манчестер Јунајтед во саботата. На тој натпревар Њукасл славеше победа од 1:0.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поуп не го доврши натпреварот и мораше предвреме да биде заменет. На негово место во наредниот период на голот ќе биде Мартин Дубравка кој е втор голман.

Трет голман на Њукасл е познатиот Лорис Кариус кој фудбалските фанови го паметат по киксовите во финалето на Лигата на шампионите на голот на Ливерпул.

Не е исклучена можноста Њукасл да реагира во јануарскиот преоден рок и да доведе нов голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шокантни сцени во Серија А, фудбалер на Рома доби срцев удар

Стоперот на Рома, Еван Ендика на мечот против Удинезе колабираше во моментот кога топката …