Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед ќе биде надвор од терените скоро три месеци поради поведа, потврдија англиските медиуми.
Белгискиот репрезентативец се повреди на мечот против Реал Мадрид во ЛШ минатиот месец и сега е утврдено дека на терените ќе се врати дури во февруари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е голем удар за Тотенхем бидејќи Алдервајлед е еден од најважните фудбалери во тимот, а „Спарси“ без него не примија гол само на еден меч.
„Не може да ја промениме реалноста, а таа е дека Тоби е повреден и нема да игра до февруари“, изјави Покетино.
Во тој период Белгиецот ќе пропушти минимум девет натпревари од Премиер лигата, вклучително и двата дерби натпревари против Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
2.1 – Tottenham average 2.1 points per game in the Premier League with Toby Alderweireld in their team compared to 1.6 points without him. Hamstrung. pic.twitter.com/3lhJzv2vIi
— OptaJoe (@OptaJoe) December 12, 2017