Таткото на капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани стана првиот градоначалник во историјата на Белгија со црна боја на кожата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пјер Компани вчера беше избран за градоначалник на Грансхорен, град со 25.000 жители во близината на Брисел.
71-годишниот Пјер Компани е роден во Конго од каде емигрирал во Белгија во 1975 година.
Изборите се одржаа во неделара, а партијата на Компани победи и таткото на фудбалерот беше избран за градоначалник.
„Тато горд сум на тебе. Од азилант кој се борел за својот живот до влегување во историјата на Белгија“, напиша Винсент Компани на социјалните мрежи.