Дома Македонски спорт Мак ракомет Тандемот Јовиќ-Шундовски на клупата на Еурофарм Пелистер!

Тандемот Јовиќ-Шундовски на клупата на Еурофарм Пелистер!

Иако се споменуваше Раде Стојановиќ како опција, сепак Еурофарм Пелистер се одлучи да назначи нов предводник и наследник на Ларс Валтер.

Нов тренер на „пелистерци“ ќе биде Александар Јовиќ кој досега го водеше вториот тим на битолскиот состав, но него ќе му помага и поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски. Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона.

 Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната“, објавија од Еурофарм Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…