Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги дозна противници во групната фаза од Лигата на шампионите.
Битолскиот состав ќе игра во групата А против Кил, Келце, ПИК Сегед, ПСЖ, Алборг и Загреб. Tренерот на „пелистерци“, Александар Јовиќ ја даде и првата изјава по ждрепката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита.
Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Јовиќ.