Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер фудбал во Скопје: Вардар и Шкендија ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Супер фудбал во Скопје: Вардар и Шкендија ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Во дербито на колото Вардар и Шкендија денес ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2.

На Арената „Тодор Просеки“ гледавме супер фудбал и на крајот ремито изгледа како најреален резултат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар прв дојде до предност преку Мицевски од пенал во 20. минута. Шкендија до изедначување стигна 15 минути подоцна, погоди Имери. До крајот на првиот дел Вардар беше по конкретен и создаде повеќе шанси, но сепак резултатот не се промени и на пауза се замина со 1:1.

По девет минути игра во вториот дел Вардар стигна до ново водство. Најсигурниот стопер во одбраната на Шкендија, Бејтулаи направи еден кикс, топката стигна до Али Адем кој ладнокрвно реализираше за 2:1. Шкендија изедначи во 63. минута, а стрелец повторно беше Незири.

Во продолжение од натпреварот Марјан Радески ја имаше најголемата прилика да обезбеди победа за Шкендија, но неговиот удар со глава заврши покрај голот.

Ова реми повеќе му одговара на Вардар кој на овој начин ја задржа предноста од осум бода во однос на Шкендија.

Во останатите три натпревари Ренова го победи Работнички со 4:3, Шкупи на свој терен запиша пораз од Македонија Ѓ.П со 2:3, додека Струга Трим Лум и Борец ги поделија бодовите (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…