Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, осуден на четири и пол години затвор за силување во февруари, плати кауција од еден милион евра и ќе може да го напушти затворот, објави во денеска судот во Барселона.
Голем број претставници на медиумите денеска се собраа пред затворот Брајанс 2 за да известуваат за случајот кој е во центарот на вниманието во Шпанија повеќе од една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ослободувањето на Алвеш сепак доаѓа со голем број ограничувања. Условите за ослободување на Алвеш вклучуваат откажување од бразилскиот и шпанскиот пасош за да не може да ја напушти Шпанија и обврска да се појавува на суд секоја недела или кога и да е повикан.
Не се знае и од каде Алвеш ги добил парите, откако минатата недела таткото на Нејмар изјави дека тие нема да ја платат кауцијата.