Дома Фудбал Останато Судот донесе одлука за жалбата на адвокатите за Дани Алвеш!

Судот донесе одлука за жалбата на адвокатите за Дани Алвеш!

Дани Алвеш останува на слобода откако судот во Барселона во текот на средата ја одби жалбата на другата страна за неговото предвремено пуштање од затвор со платена кауција, пренесува француската агенција „АФП“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилец претходно беше осуден на четири ипол години затворска казна поради силување во ноќен клуб ноќта измеѓу 30-ти и 31-ви декември 2023 година. Алвеш на 25-ти март беше пуштен да се брани од слобода со кауција од еден милион евра.

На таквата одлука се жалеше обвинителството и адвокатскиот тим на спротивната страна, но нивната жалба беше одбиена и Алвеш ќе остане на слобода. Судот по уплатената кауција го ослоби Алвеш, меѓутоа и му ги одзема двата пасоши кои ги поседуваа, бразилскиот и шпанскиот.

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона исто така не смее да ја напушти Шпанија и во судот мора да се јавува секој петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…