Денес во спортскиот центар „Јане Сандански“ прес-конференција одржаа тренерот Едуард Кокшаров и капитенот Стојанче Стоилов.
На оваа прес-конферецнија капитенот Стоилов откри нови лоши вести кога во прашање се повредите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоилов откри дека Дисингер бил вчера опериран и поради тоа го чека долга пауза. Станува збор за слична повреда каква што имаше Стоилов и поради која беше опериран во јуни.
Кокшаров и Стоилов потврдија дека Дисингер нема да се врати пред порано од четири-пет месеци.
Германецот оваа сезона веќе пропушти неколку натпревари, меѓутоа сега е одлучено да оди операција и да се врати кога ќе биде целосно здрав.