Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Чешка (27:25) во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме имаше предност од два гола.
Сега за пласман во следната фаза ќе мора да ја победиме селекцијата на домаќинот Австрија во последното коло.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаме уште еден натпревар кој мора да го добиеме. Многу промашувавме во овој дуел, а на спротивната страна Чешка погодуваше кога е најпотребно и тоа е тоа, затоа е таков резултатот. Мора да даваме голови кога имаме шанса“, изјави Стоилов.
Талевски смета дека натпреварот го одличил тоа што освен Лазаров никој друг не успевал да постигне гол од далечина.
„Освен Лазаров кој даваше голови од надвор, ние останатите не можевме да направиме ништо. Во последните 15 минути и се уморивме. Во вториот дел доста промашувавме. Немавме решение како да ја разбиеме одбраната на Чешка“, изјави Талески.