Дома Фудбал Репрезентации Србија „пукна петарда“ на последниот натпревар пред Мундијалот! 🎥

Србија „пукна петарда“ на последниот натпревар пред Мундијалот! 🎥

Фудбалерите на Србија го декласираа Бахреин на гостински терен со резултат 5:1 во пријателски натпревар, кој беше и генерална проба за Србите пред почетокот на Светското првенство.

Двоен стрелец беше Душан Тадиќ, а по еднаш погодија Влаховиќ на асистенција на Тадиќ, како и Филип Ѓуричиќ и Лука Јовиќ. Влаховиќ на теренот помина 45 минути и тоа е големо охрабрување откако се повреди.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Александар Митровиќ, Филип Костиќ и Саша Лукиќ го прескокнаа овој дуел и не беа во конкуренција.

Тренерот Драган Стојковиќ не импровизираше ништо во формациите што ги користеше досега. Првото полувреме Србија го одигра во систем 3-4-2-1, а второто 3-4-1-2. Така Србија без дополнителни повреди и во одлична атмосфера заминува за Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се подготвува нов хаос во соблекувалната на Реал, никој не верува што направи Арбелоа во 75. минута (Фото)

Реал Мадрид синоќа претрпе неочекуван пораз во Памплона од Осасуна (2:1) во рамките на 25.…