Дома Фудбал Има само 22 години, а ќе игра за седмиот клуб во кариерата!

Има само 22 години, а ќе игра за седмиот клуб во кариерата!

Колумбискиот фудбалер Џон Дуран следната година ќе игра како позајмен играч во редовите на Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прав патник низ фудбалски клубови. Вака најкратко би се опишала кариерата на Џон Дуран. Од 2019 година, со само 15 и пол години до денес, тој промени дури шест клуба, а Бенфика ќе биде негов седми.

Бенфика ќе уплати шест милиони евра на Ал Наср, клуб чиишто правата ги има Џон, за позајмицата, а на крајот од сезоната ќе има можност за трајно откупување на неговиот договор за 30 милиони евра.

„Пресреќен сум! Продолжувам во најголемиот португалски клуб. Исклучително сум благодарен што сум тука и имам многу високи цели. Сакам да играм и да освојам шампионска титула“, рече Дуран.

Дуран ја започна својата професионална кариера во колумбискиот Евигадо, за потоа во 2022 година да се префрли во Чикаго Фајер. И тогаш започна вистинскиот авантуристички пат. Веќе во јануари 2023 станува играч на Астон Вила, каде што се истакна како ефикасна резерва. По две години, во јануари 2025, се пресели во Ал Наср, но немаше среќа да биде во клубот минатата сезона кога конечно беше освоена титулата, бидејќи по полусезона помина на позајмици во Фенербахче и Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…