Дома Фудбал Останато Срамен потег на Ајакс:Му го раскина договорот на играчот кој се разбуди од кома

Срамен потег на Ајакс:Му го раскина договорот на играчот кој се разбуди од кома

Абдел Нури неодамна се разбуди од кома по две години и девет месеци, а само неколку дена подоцна доби непријатно изненадување од Ајакс.

Ајакс испратил писмо до семејството за да ги извести дека ќе биде прекината соработката. Клубот од Амстердам решил да повлече еден ваков непопуларен потег бидејќи законот налага до 1. април да се решат сите прашања околку договорите кои истекуваат. Доколку не биде испратено писмо, автоматски ќе се активира опцијата за уште една додатна година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандскиот тим во соопштението наведува дека ќе го исплати Нури до почетокот на јули и ќе остане во контакт со неговото семејство за да му даде подрршка во процесот на рехабилитација.

Адвокатот на Нури најави дека со овој потег на клубот, неговата борба за што поголема оштета ќе стане уште пожестока, бидејќи фудбалерот загубил повеќе од две години од својот живот, а никогаш повеќе нема да биде истиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…