Денес раководството на РФМ одржа онлајн седница на која присуствуваа и селекторите на репрезентациите. На седницата беа усвоени неколку предлози како наградата од 700.000 денари за кадетите за освоениот ЕХФ шампионат (тука), признанието за Драган Начевски (тука)…
На седницата свој збор имаше и селектоорт на сениорската репрезентација Кире Лазаров (тука). Меѓутоа големо внимание привлече најавата на првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Мукаетов дошол до идеја во Скопје да гледаме ракометен спектакл помеѓу актуелната репрезентација на Македонија против големите имиња на македонскиот ракомет од Вараждин 2009 па наваму. Идејата дошла после повлекувањето на Лазаров, Миркуловски и Стоилов кои објавија крај после баражот против Чешка во Скопје.
„После разговорот со повеќе големи имиња од македонскиот ракомет, дојдов до идеја да реализираме натпревар кој би бил ракометна фешта, но и почит за сите играчи кои во последните десетина година се простиле од националниот дрес. Токму затоа предлагам да организирам натпревар помеѓу сегашната репрезентација и екипа составана од тие големи имиња од Вараждин 2009 па наваму“.
„Се надевам дека условите и ковид состојбата ќе ни дозволат да имаме полна сала „Борис Трајковски“ и на тој начин да покажеме голема почит кон сите нив. Би било убаво да се соберат сите тие големи Македонци“, најави Лазаров.
Токму Лазаров, Миркуловски и Стоилов беа последните кои се пензионираа од таа генерација од 2009 година. На тој спектакл би учествувале имиња како: Стевче Алушовски, Наумче Мојсовски, Златко Мојсоски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Маркоски, Борко Ристовски…