Дома Македонски спорт Лазаров: Имавме среќа во квалификациите за ЕП, но никого не смееме да потцениме

Лазаров: Имавме среќа во квалификациите за ЕП, но никого не смееме да потцениме

Денес на седницата на управниот одбор на Ракометната федерација Македонија присуствуваа и селекторите на сите репрезентации.

Кире Лазаров зборуваше за настапот на Медитеранските игри, но и за она што и претстои на Македонија во иднина. Следен голем настан за нас ќе биде Светското првенство во Полска и во Шведска во јануари, меѓутоа Македонија ја чекаат важни натпревари и претходно.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ни претстојат квалификациите за Европското првенство во 2024 за кои ќе признаам имавме и малку среќа, добивме посакувана група со Луксембург, Турција и Португалија која е фаворитот. Се надевам на успешни квалификации и дека сите играчи ќе бидат подготвени.

Но, не смееме да потцениме никого Турција и Луксембург мораме сериозно да ги сфатиме“, изјави Лазаров.

На седницата Лазаров предложи и собир од октомври до декември каде што ракометарите од домашното првенство би се работело во секој „продолжен викенд“ (петок и понеделник по првенствените кола). Целта секако ќе биде да се поткрене индвидувалната подготвка, но и тимската воиграност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…