Дома Фудбал Италија Спалети: Еднаш веќе ме казнија, затоа не зборувам за ситуацијата со Елмас

Спалети: Еднаш веќе ме казнија, затоа не зборувам за ситуацијата со Елмас

Наполи вчера беше поразен од Емполи на домашен терен и така заостана во борбата за врвот во Серија А.

Освен тоа тренерот Лучијано Спалети остана и без Елиф Елмас кој заработи повреда. Македонскиот репрезентативец беше заменет во 85. минута после еден контакт во противничкиот шеснаесетник.

„Не сакам да зборувам за судењето, посебно не за ситуацијата со Елмас, еднаш веќе сум казнет. Имаше контакт, но тука ќе застанам, сакам да зборувам за самата игра“, изјави Спалети.

Следниот викенд Наполи го чека тежок натпревар на гости против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еуфорија во Рим: Рома има „четири од четири“ и 12-1, Гасперини создаде „чудовиште“

Рома не се откажува: по четири кола – четири победи за екипата на Џан Пјеро Гасперин…