Дома Топ вести Солскјер спреми 120 милиони за Халанд и ѕвездата на Интер

Солскјер спреми 120 милиони за Халанд и ѕвездата на Интер

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер би можел во јануари да добие три квалитетни засилувања.

Англиските медиуми објавија дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да потроши 120 милиони фунти на Лаутаро Мартинез и Леонардо Паредес.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покрај нив двајца, во Манчестер треба да пристигне и гол-сензацијата Ерлинг Халанд, за кого медиумите на Островот тврдат дека веќе го договорил трансферот на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ мора да ангажираат нови засилувања поради катастрофалниот прв дел од сезоната во која победија на само шест од 16 натпревари.

Јунајтед го сака Мартинез, кој досега постигна осум голови во Серија А и пет во Лигата на шампиони, а од друга страна Халанд постигна 28 погодоци за Салцбург.

Што се однесува со Паредес, тој не успеа да се наметне во Пари Сент Жермен, каде ретко добива шанса, па е спремен да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…