Mанчестер Јунајтед денес го потврди трансферот на Арон Ван-Бисака.
Ван Бисака пристигна на „Олд Трафорд“ од Кристал Палас, а неговиот трансфер изнесува 55 милиони евра. Овој 21 годишник со „црвените ѓаволи“ потпиша договор до летото 2024 година.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Доаѓањето на Ван Бисака е најава дека раководството на клубот од „Олд Трафорд“ ќе даде се од себе ова лето да направи екипа која ќе може да се бори за висок пласман во Англија.
Ова засилување ги воодушеви навивачите на Јунајтед, но и тренерот Оле Гунар Солскјер кој порача дека станува збор за еден од најдобрите млади дефанзивци во Премиер лигата.
„Арон е еден од дефанзивците од кои многу се очекува во иднина. Тој е еден од најдобрите млади одбранбени играчи во Премиер лигата. Има работна етика, талент и менталитет да игра за Манчестер Јунајтед и тоа е играч кој сакате да го имате во тимот. Се уште е многу млад и гладен за успех. Пресреќен сум што дојде во нашиот тим“, изјави Солскјер.