Дома Фудбал Англија Солскјер: Погба е најдобриот играч од средниот ред

Солскјер: Погба е најдобриот играч од средниот ред

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека Пол Погба е најдобриот играч од средниот ред во светот.

Норвежанецот пред натпреварот со Њукасл посочи дека Погба би можел да биде во стартниот тим и дека неговото присуство со сигурност ќе донесе промени во играта.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Против Вотфорд играше многу добро, неговото враќање е голем плус и можеби веќе на следниот натпревар ќе биде во првиот тим. Тој може да игра на било која позиција во средниот ред. Тој е сестран играч од средниот ред, може да праќа долги пасови, да оди напред, да комибнира со кратки пасови. Зависи од натпреварот. Тоа е убавината во тоа што го имаме Пол во тимот, тој е најдобар сестран играч од средниот ред во светот“ –изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ќе го посети Трамп во „Белата куќа“

Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами на 5 март ќе ја посети Белата куќа, каде што ќе …