Менаџерот на Манчестер Јунатед , Оле Гунер Солскјер зборуваше за можноста неговиот тим да се засили во зимскиот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ играат лошо од почетокот на сезоната и освоија само 16 бода во првите 12 меча, па јасно е дека на Солскјер му се потребни нови засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвежанецот е една година на чело на Манчестер Јунајтед и се обидува да ја промени политиката на купување на скапи ѕвезди, па сака да ја продолжи политиката од доведување на играчи на Ван-Бисака и Даниел Џејмс.
„Проблемот не е во сумата која ќе ја потрошиме, туку во тоа кои играчи сакаме да ги донесеме. Нема многу клубови кои се спремни да се разделат со важни играчи во јануари. Може да донесеме еден или двајца под наем кои ќе можат да му помогнат на тимот. Сакаме да донесеме играчи за долгорочно, не само за три-четири месеци“, изјави Солскјер.