Дома Фудбал Англија Солскјер за случајот „Погба“: Ние сме Манчестер Јунајтед и не мораме да продаваме играчи

Солскјер за случајот „Погба“: Ние сме Манчестер Јунајтед и не мораме да продаваме играчи

Се уште не е сигурно што ќе се случи со Пол Погба и сите очекуваат некоја официјална информација.

Наводно, Погба побарал да замине од Јунајтед и тоа јасно го дал до знаење на челниците на клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Клубот од Олд Трафорд со сите сили се обидува да го задржи во клубот, но тоа нема да биде лесно. Сепак, она што е сигурно е дека Погба никаде нема да замине додека не стигне адекватна замена.

Кога станува збор за цената на овој играч, челниците на Јунајтед му дадоа вредност од 180 милиони евра.

За случајот зборуваше и тренерот Оле Гунар Солскјер.

„Нормално дека разговарав со Погба и верувајте дека сум често во контакт со него. Колку што знам за ситуацијата, ниту една понуда не пристигнала за било кој од нашите играчи. Ние сме Манчестер Јунајтед и ние не мораме да продаваме играчи.“ – изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …