
Шефот на стручниот штаб на Бешикташ Оле Гунар Солскјер, кој играше на позиција напаѓач во Манчестер јунајтед и потоа ги предводеше од клупата, не ја криеше својата тага поради состојбата во која клубот од “Олд Трафорд” се наоѓа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Норвежанецот како главен тренер ги водеше „црвените ѓаволи“ до шесто, трето, второ, па осмо место, а сега 20-кратниот шампион на Англија ќе заврши на најлошата позиција од 1974 година – на петнаесеттото место.
„Манчестер јунајтед ми е како семејство и секогаш ќе биде дел од мене Во фудбалот не треба никого да жалиме затоа што сме привилегирани, апсолутно, да работиме во вакви клубови. Сепак, тешко ми е да гледам бидејќи тоа е семејство кое има проблеми. Никогаш не е лесно да се погледне табелата за време на викендот“, објасни Солскјер.
Неговите „орли“ не беа особено блистави оваа сезона, но пред таа конференција ги совладаа фаворитите и градските ривали како Фенербахче со 1:0 – и тоа на азиската страна од Босфорот.
„Клубот е фантастичен. Чувствувате дека идентитетот и култот се поклопуваат со вас, доблестите на искреноста и работа во заедницата. Ние сме првиот клуб во Турција кој играл во странство. Многу е сличен на Манчестер Јунајтед во тој поглед, ме потсетува на тоа кога бев таму“, подвлече Солскјер..
Бешикташ е четврти на табелата, но со еден натпревар помалку во однос на Самсун, кого би можеле да ги претркаат со победа над Адана на свој терен во недела од 18 часот.