Дома Фудбал Останато Соиграчот на Ристовски со една минута одиграна за ПСЖ си стана шампион на Франција

Соиграчот на Ристовски со една минута одиграна за ПСЖ си стана шампион на Франција

Никогаш Хесе Родригез немаше значајна улога во Реал Мадрид, но тоа не беше причина во неговата колекција да не се најдат две медали за освојувањето на Лигата на шампионите и една од Ла Лига, сите од времето поминато на „Бернабеу“.

Заборавениот Шпанец по доаѓањето на Унаи Емери на клупата на ПСЖ летото 2016 година се пресели во Париз, меѓутоа на „Паркот на принцовите“ не воодушеви со своите настапи. Во претходните три сезони тој констатно ги менуваше клубовите каде што играше како позајмен фудбалер. Толку често ги менуваше клубовите што веројатно љубителите на фудбалот сега не ни знаат дека Хесе во овој момент играч на Спортинг, повторно позајмен од ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ со одлуката на францускиот фудбалски сојуз ја доби титулата за оваа сезона која се прекина, а ниту Хесе не остана со „кратки ракави“ и тоа благодарение на една минута која ја помина на теренот како играч ПСЖ. Имено, шпанскиот фудбалер непосредно пред преселбата во Лисабон настапи против Мец во четвртото коло од Лига 1. Тогаш во судиското продолжение го замени Ерик Максим Чупо Мотинг.

Во дресот на Спортинг Хесе не блескаше и на 15 натпревари постигна само еден гол. За три ипол години колку што е под договор со ПСЖ, Хесе дури четири пати одеше на позајмици. Покрај Спортинг играше уште за Лас Палмас, Стоук и Бетис. За ПСЖ собра 16 настапи, односно 368 минути.

Ќе потсетиме, во Спортинг Хесе е соиграч со заменик капитенот од македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…